23-кратниот Олимписки шампион Мајкл Фелпс никако да заврши со пливањето. Негов нов противник требаше да биде бела ајкула, петметарски ѕвер кој јаде луѓе, но светот остана разочаран од целата заврзлама околу Discovery Channel.
Како што во декември 2014-та година Discovery Channel непрестано ги ’хушкаше’ своите гледачи дека наскоро ќе дава инсерти од моментот кога гигантска змија прво ќе проголта жив човек а потоа ќе го поврати, во специјалната епизода на “Eaten Alive?”, така и сега долго ја ’бустаа’ веста за трката меѓу најдобриот пливач на сите времиња Американецот Мајкл Фелпс со бела ајкула.
The Great white shark meets the Greatest of all time 🏊🦈
— Eurosport UK (@Eurosport_UK) July 21, 2017
You won't want to miss Phelps v Shark on @DiscoveryUK this Monday #SharkWeek pic.twitter.com/bfNG15QB43
Еве ја трката:
The moment of glory for #TeamShark!!! #PhelpsVsShark #SharkWeek pic.twitter.com/NWYp1CwiRa
— Shark Week (@SharkWeek) July 24, 2017
Публиката се разочара многу откако екологистот Тристан Гатериџ, еден од научниците вклучени во проектот рече:
„Јасно, не можеме да го ставиме Мајкл во една лента а белата ајкула во друга лента. Ќе мора да направиме симулација“.
Чекај, пишува Washington Post, значи Фелпс нема да се трка со ајкула во телевизискиот настан насловен “Phelps vs. Shark: Great Gold vs. Great White”?!
Зошто тогаш се потроши цел еден час?
Фелпс наводно пливал во специјално дизајниран костум за пливање, со специјално дизајнирани пераи и во вода чија температура изнесувала 13,3 Целзиусови степени некаде во близина на островот Бимини на Бахамите.
Но целата приказна имаше и добра страна, затоа што преку епизодата гледачите можеа да видат ако Гатериџ и екипата собираат информации за пливачката брзина на грабливката, нешто што е многу тешко да се изведе затоа што ајкулите обично не пливаат во права линија.
За оваа прилика на белата ајкула и пуштиле плен којшто таа го ловела 100 метри колку што пливал и Фелпс. Токму така и компјутерски ја извеле трката, нешто што Интернет не го прифати ама воопшто добро.
На крајот компјутерот измери дека ајкулата препливала 100 метри за 36,1 секунда, а најдобриот жив пливач меѓу луѓето истото растојание за 38,1 секунда. На Discovery Channel треба да му се аплаудира само за дозата хумор покажана во најавата кога рекоа дека ’На ајкулата и е гајле за медалите’.
На крајот, Washington Post вели дека оние кои се нервирале околу ЦГИ-то (Computer-generated imagery) на ајкулата, треба да знаат дека штом Discovery бурно на сите “ѕвона“ најавува нешто лудо со животно, тогаш е некоја местенка која што не е возбудлива како што изгледа во најавата.
"Clearly we can't put Michael Phelps in one lane and a shark in the other"..... um okay, I thought that's what was happening #PhelpsVShark pic.twitter.com/gzxMciS6R4
— Hannah Brugman (@HannahBrugman) July 24, 2017
Michael Phelps racing the simulated shark was the biggest disappointment. Way too hyped! Shark Week took a huge L
— Brett Philion (@BrettPhilion) July 24, 2017