Кеничи Ито во Јапонија е познат како „човекот мајмун“, а прекарот му е ептен на место. Ние во редакција си признавме дека никој од нас не може да истрча 100 метри за 15,71 ниту со две нозе. Ито тоа го направи со сите четири и влезе во Гинис. Тој претходно сам поставуваше нов рекорд во пет наврати, а лани му го сруши Кацуми Тамакоши со време од 15,86 секунди.