Лондон ќе биде домаќин na 16-то Светско првенство во атлетика во периодот од 4-ти до 13-ти август, каде ќе го гледаме последниот спринт на Усеин Болт кој потоа најави пензија. Легендарниот Јамајканец има 11 златни медали од СП и 8 златни медали од ОИ и сè уште е актуелен неговиот рекорд на 100 метри кои на Мундијалот во Берлин ги истрча за 9,58 секунди. Гледајте ја внимателно разликата меѓу него и Тајсон Геј. Еуроспорт подготви одлично аналитично видео за кралот на оваа атрактивна трка.