Таг: усеин болт

Единствениот пат кога Болт задоцни на тартанот

Врвот на задоволствата на Летните Олимписки игри е атлетиката со која се заокружува најголемата спортска манифестина во светот. Ќе фали кралот кој царуваше во Пекинг, Лондон и Рио, каде освои 8 златни медали. Камерманите ги фаќа трема кога ќе го видат, а не па да се тркаш со него.

Новиот Усеин Болт се трка со бикови

Откако легендарниот Јамајчанец реши да се повлече од атлетиката, некое време се бараше негов наследник. Изгледа дека го најдоа во јужна Индија.

Усеин Болт го бараат Катарци на Малта, да се бори за влез во Лига на шампиони

Откако конечно заигра професионален фудбал, најбрзиот спринтер на светот почна да дава и голови, па го привлече вниманието на некои малку од малку посериозни клубови.

Неславен крај на кариерата, Болт остана без медал во последната трка

Едно е сигурно, појавата на Усеин Болт ќе фали во светот на спортот. Јамајканецот неславно ја заврши кариерата откако вечерва во финалето на Светското првенство во Лондон 2017 на штафетната трка се повреди и не го заврши натпреварувањето.

Калински и Болт за последен пат

Преносот од градското дерби меѓу Атлетико и Реал не беше последното уживање со легендарниот Златко Калински. Неговиот магичен глас, створен за спортско коментирање имавме привилегија да го чуеме и доцна синоќа. Го коментираше финалето на 100 метри на СП во Лондон, кое за жал не мина во знакот на Усеин Болт. Тој заврши трет и најави дека по ова Светско атлетско првенство заминува во пензија. А сега претворете се во уши. 6 минути емотивен и поетски опис за најдобриот на сите времиња и одлепување од микрофонот со солзи.

Тајната на Светскиот рекорд на Болт на 100 метри

Лондон ќе биде домаќин na 16-то Светско првенство во атлетика во периодот од 4-ти до 13-ти август, каде ќе го гледаме последниот спринт на Усеин Болт кој потоа најави пензија. Легендарниот Јамајканец има 11 златни медали од СП и 8 златни медали од ОИ и сè уште е актуелен неговиот рекорд на 100 метри кои на Мундијалот во Берлин ги истрча за 9,58 секунди. Гледајте ја внимателно разликата меѓу него и Тајсон Геј. Еуроспорт подготви одлично аналитично видео за кралот на оваа атрактивна трка.

Усеин Болт запнал па запнал да стане фудбалер

Деветкратниот олимписки шампион и светски рекордер на 100 и 200 метри, Усеин Болт сериозно почна да зборува околу желбата да стане професионален фудбалер. Почнал да тренира со Борусија Дортмунд а му се игра во Манчестер.

Дали Гнабри е побрз од Усеин Болт?

Серж Гнабри е роден во Штутгарт и настапува за Германија У21. Долго време беше во Арсенал, а минатово лето го купи Вердер Бремен. За него соиграчите тврдат дека е побрз од Усеин Болт.

Никој никогаш како Усеин Болт

Пекинг, Лондон, Рио. Најдобриот спринтер на сите времиња продолжи да испишува нови страници во историјата на атлетиката откако синоќа го освои и второто злато на Олимписките Игри во Рио де Жанеиро.

Напредокот на трката на 100 метри за 116 години

Томас Берк, првиот освојувач на златен медал на 100 метри во Атина 1896 е побавен од Усеин Болт во Лондон 2012 за 2,4 секунди или неполни 20 метри. 

Болт на 100 метри во Пекинг, Лондон и Рио

Дека е најбрз човек на планетата, тоа е јасно, само прашање е времето кое ќе го оствари. Со синоќешното финале на 100 метри, Усеин Болт испиша историја и стана прв атлетичар со три олимписки златни медали на оваа трка.

Ако сте за марихуана во спортот

Видеото е за оние кои сметаат дека спортистите треба да пушат трева. Светската анти-допинг агенција ги смени правилата и им дозволува на олимпијците, а постојат тврдења дека така стануваат поиздржливи и им се намалуваат воспаленијата. Фелпс и Болт имаат пробано.

Само овој човек може да го запре Усеин Болт

Откако доминираше на 100 и на 200 метри, Усеин Болт стигна до 10-то злато. Во ситуација кога нема никој кој може со него на патеката се најде еден камерман кој успеа да го совлада.

Болт одново го преслуша Гетлин

Најдобриот спринтер во историјата, Усеин Болт на доминантен начин стигна до титулата светски првак во спринт на 200 метри, откако денес на СП во Пекинг повторно беше побрз од најголемиот конкурент Гетлин. Јамајчанецот истрча 200 метри за 19 секунди и 55 стотинки. Гетлин заврши на второто место со 19;74.

Калински и коментарот за трката на Болт

Легендарниот коментатор на МТВ уште еднаш ја потврди тезата дека тој е доктор за настапите на Усеин Болт, а неговиот колега Душко Кораќ за оние на Јелена Исинбаева.

Фудбалер на Арсенал побрз од Усеин Болт?

Кога во 2009. година Јамајканецот го постави рекордот на 100 метри за 9,58 секунди, кронометарот после 40 метри покажуваше 4,65 секунди. Играчот од средниот ред на Арсенал истрча побрзо 40 метри..

Сè уште е за неверување колку Болт е подобар од сите

6 години по експлозијата што ја направи во Пекинг 2008-та, се уште е хипнотизирачки да го гледаш Болт колку многу е подобар од сите останати (кои и сами по себе се одлични спортисти). Последново е од митингот во Варшава, каде истрча 100 метри за 9,98 секунди.

Молњата во пензија по Рио 2016

Најбрзиот човек на планетата најави дека ќе и стави крај на кариерата по завршувањето на Олимписките игри во Рио Де Жанеиро.

Тајната на најбрзиот човек на планетата

Љубителите на Атлетиката веќе ги одбројуваат деновите до стартот на Светското првенство кое е закажано за Москва на 10 август, а пред да ни покаже Болт дека повторно никој не може да го стигне додека трча, физичарите ни објаснуваат како го правел тоа до сега.

Обамејанг е побрз и од Усеин Болт

Новото засилување на Борусија Дортмунд, Пјер-Емерик Обамејанг не трошеше време за да ги импресионира своите работодавци со спринт побрз и од Усеин Болт.

Нов рекорд на Болт

Најбрзиот човек на денешницата успеа да ја претрча трката на 200 метри под 20 секунди. Јамајканскиот спринтер на трката во рамките на „Дијамантската лига" во Осло, патеката ја истрча за 19,79 секунди и постави нов рекорд на турнирот.