Во 2017-та во Лондон се одржа Светското првенство во атлетика. Натпреварување на кое Усеин Болт се појави со 31 година, со статус на најдобар спринтер на сите времиња, но не и во иста форма.
Во конкуренција за медал беше и Американецот Џастин Гетлин, кој тогаш имаше 35 години.
По освојувањето на среброто на Олимписките игри во Рио една година претходно, Гетлин овој пат беше побрз од Болт, кој пак мораше да се задоволи со бронзен медал, пропуштајќи го златото за само 0,04 секунди.
И покрај победата на 100 метри, втора на Светските првенства, Џастин Гетлин направи нешто незаборавно. Клекна на тартанот и му се поклони на Усеин Болт.
Американскиот спринтер, кој штотуку го освои златото, само уште потврди и го призна Јамајканецот како најдобар атлетичар на сите времиња.
Со овој моќен гест го потсети светот дека во спортот, почитта ја надминува конкуренцијата. Без разлика што е пет години постар од Болт, покажа дека и во победата, чествувањето на легендата е на прво место.
Инаку што се однесува до дисциплината 100 метри, Џастин Гетлин е олимписки првак од Атина 2004 и Светски првак во Хелсинки 2005 и Лондон 2017.
Болт е неприкосновен победник со три златни медали на СП 2009, 2013, 2015 и три на ЛОИ, Пекинг 2008, Лондон 2012 и Рио 2016.