Златниот медал во финалето на 4х100 на Светското првенство во Лондон го освоија домаќините, Британците. Американците беа втори а Јапонија неочекувано ја слави бронзата.
Домаќините истрчаа 37,47 и поставија нов британски рекорд но што е поголемо изненадување ги победија фаворитите за златото од САД (Мајк Роџерс, Џастин Гетлин, Џејлин Бекон и Кристијан Колмен) коишто на крајот се задоволија само со сребро.
Светската јавност со нетрпение го очекуваше финалето од причина што беше последна трка за најголемиот на сите времиња, Усеин Болт, но 30-годишниот спринтер од Јамајка одново разочара.
Пред една недела на 100 метри ја освои бронзата, а овојпат на незаслужен начин се поздрави од публиката и се прости од атлетиката. Неговите сонародници одлично ја започнаа трката, а Болт кој трчаше во последната замена се повреди после педесетина метри, држејќи се за бутниот мускул застана во грч и не ја заврши трката.
Inicialmente fiquei chateado por essa despedida mas tô desconfiando que ele viu que não ganharia e deu um migué... pic.twitter.com/m3wjBxzhe4
— Daniel Nogueira 🔴⚫ (@fladaniel_) August 12, 2017
На крајот златото им припадна на Британците за кои трчаа Чиџија Уџах, Адам Џемили, Даниел Талбот и Натаниел Мичел-Блејк. Тие го поставија новиот европски рекорд. Среброто на Светското во Лондон вечерва им припадна на Американците кои истрчаа 37,52 секунди а бронзениот медал Јапонијаго заслужи со време 38,04
Четврта заврши Кина со време 38,4, Франција беше петта со време 38,48, Канада шеста со 38,59, а Турците завршија седми со истрчано време 38,73. Јамајка (Омар Маклауд, Џулиан Форте, Јохан Блејк, Усеин Болт) не ја заврши трката.
.@Mr_Rodgers_DAT + @justingatlin + @_GreaseLightnin + @__coleman = #TeamUSATF's 27th 🏅 at #IAAFWorlds!
— USATF (@usatf) August 12, 2017
🏅 Standings:
🇺🇸 = 27
🇰🇪 = 8
🇵🇱 = 7 pic.twitter.com/lQfJWtR1Kd
Болт важи за најбрзиот човек на светот, рекордер на 100 и 200 метри. Стана светски шампион и ги освојуваше златните медали во Берлин 2009, Москва 2013 и Пекинг 2015. Олимписки првак стана во Пекинг 2008, Лондон 2012 и Рио 2016.
Во својата богата кариера освои четири светски и три олимписки злата на 200 метри, а со штафетата на својата земја се радуваше на четири светски и две олимписки злата на 4х100 метри. Болт може да се пофали и со две светски сребра, по едно на 200 метри и на 4х100 како и бронзен медал од овогодинешниот Мундијал во Лондон на 100 метри.
Terrible fin d'Usain #Bolt ! pic.twitter.com/itkBiwpIzY
— BouAbane Jam (@bb_jamel64) August 12, 2017