Преносот од градското дерби меѓу Атлетико и Реал не беше последното уживање со легендарниот Златко Калински. Неговиот магичен глас, створен за спортско коментирање имавме привилегија да го чуеме и доцна синоќа. Го коментираше финалето на 100 метри на СП во Лондон, кое за жал не мина во знакот на Усеин Болт. Тој заврши трет и најави дека по ова Светско атлетско првенство заминува во пензија. А сега претворете се во уши. 6 минути емотивен и поетски опис за најдобриот на сите времиња и одлепување од микрофонот со солзи.