Усеин Болт е најбрзиот човек на светот? Од вчера можеби не е, затоа што растојание од 40 метри побрзо истрча Хектор Белерин, талентираниот фудбалер на Арсенал кој нема никаква врска со атлетика.
Како што пишува Дејли Експрес, растојанието кое го истрчал Белерин не е на 100 метри, каде што Болт е неприкосновен, туку на 40 метри, класична должина на која фудбалерите можат да покажат колку се брзи.
Во тој случај, доколку во 2009. година кога Болт го постави светскиот рекорд трчал и Белерин, после 40 метри Шпанецот ќе бил два метри пред Болт. Белерин на тој начин стана и најбрзиот фудбалер во Арсенал, екипа која имаше многу „тркачи“ во својот состав во минатото. Најпознати од сите се Тео Волкот и Тиери Анри, кои исто така се пробуваа на 40 метри. Французинот во 2003. година ги истрча за 4,82, а Волкот подоцна го надмина тој рекорд со 4,42 секунди.
„Криво ми беше што го надминав рекордот на мојот идол. Но тој сега е веќе во години, а побрз од мене е мојот соиграч Хектор Белерин“, изјави минатата година Волкот, кој како да го најави фудбалскиот Усеин Болт од Шпанија.
Веднаш се огласи и спринтерот Ричард Кили, кој изјави дека се клади во 30.000 фунти дека е побрз од Белерин и од Волкот.
„Медиумите пишуваат дека Хектор Белерин може да истрча 40 метри за 4,42 секунди. Нема теорија. Новинариве се морони! Се кладам во 30.000 фунти, каде и кога сакаат", напиша британскиот спринтер Ричард Кили на Твитер.
Хектор Белерин е уште еден од плејадата играчи кои Арсен Венгер ги носи како млади и потоа од нив прави оформени фудбалери. Белерин е дете на Барселона а на Емирати дојде во 2011 година. За Топџиите дебитираше во 2012 година против ВБА во Лига Купот кога Арсенал пројде на пенали. Венгер подоцна го позајми во Ватфорд, а сезонава Белерин е стандарден првотимец.
Рекордот на Болт на 100 метри е 9,58 секунди, а еве колку е брз Белерин: