Уште на само една Олимпијада ќе имаме чест да го гледаме човекот од Јамајка кои ги помести границите во атлетиката. За Усеин Болт наредната летна Олимпијадата во Бразил 2016 година ќе биде трета и последна.
„По голга доминација мислам дека тоа ќе биде вистинско време за повлекување", изјави за Асошиејтед Прес, светскиот и олимписки рекордер во трките од 100 и 200 метри.
27 годишниот Усеин Болт има освоено 6 златни олимписки медали и никогаш не загубил трка на Олимписките игри, а на Светските првенста до сега се закити со 8 злата, од кои 3 на последното светско во Москва.
Оваа година тој ќе заработи рекордни 9 милиони евра за едногодишниот спонзорски договор со Пума.