Убавата Фло на квалификациите за Олимписките игри во Сеул 1988 година тотално ја збуни спортската јавност кога успеа да оствари нов светски рекорд во трка на 100 метри со време од 10,49 секунди.
Причините за волку брзото остварено време веднаш биле барани во ветерот кој наводно ѝ помогнал на атлетичарката затоа што тие денови времето постојано било ветровито, а на само неколку метри во дисциплината троскок бил измерен ветер од 4,7 метри во секунда, односно 2,7 метри над дозволеното.
Ситуацијата довела до голема конфузија затоа што и покрај измерениот ветер во близина, како и според изјавите на сведоците кои тврделе дека Грифит победила со помош на ветерот, анемометарот покажал 0.0 м/с, а Меѓународната Атлетска Федерација го признала светскиот рекорд кој се уште никој не го срушил.
Моментот и по долги години бил предмет на анализа па така Здружението на атлетски статистичари во својот годишен извештај во 1997 година напишале дека победила „веројатно со голема помош на ветерот", а по неколку години и тренерот на Фло изјавил дека веројатно ветерот бил причина за толку брзото време.
Втората недокажана причина за нејзиниот светски рекорд е сомнежот од користење на допинг. Пред да го оствари недостижното време 10,59, рекордот на популарната атлетичарка бил 10,96, додека на 200 метри од 21,96 стигнала до 21,34 што е исто така и денеска светски рекорд.
Покрај овие големи напредувања за една сезона Флоренс Грифит за кратко време ја зголемила и мускулната маса, а многумина се сомневале дека користи стероиди. Фло не успеала да го издржи притисокот од јавноста која почнала да ја исвиркува и по завршувањето на Олимпијадата во Сеул решила да се повлече.
Но на сите кои не и веруваа дека се натпреварува чесно им докажала дека е најбрзата жена во светот и тоа со три златни медали на 100, 200 и 4x100 метри, како и сребрен медал во 4x400 метри на Олимписките игри 1988 година. Згора на се тестирањата во Сеул не покажале користење на никакви недозволени стимулативни средства.
Убавата атлетичарка оставила сомнеж и поради прераната смрт која се случила на само 38 години и тоа било причина плус за да се верува дека починала поради предозираност на штетни супстанци. Но аутопсијата покажала дека смртта настанала поради гушење од епилептични напади и не било пронајден никаков вид на дрога.
И покрај тоа што за некои таа претставува контроверзна спортистка која не играла чесно, а за други херој во атлетиката во женска конкуренција нејзините два светски рекорди се уште остануваат недопрени.