Ти го праќаш на одмор, тој вежба спринтови со европски првак
Амбициите за напредок на Кристијано Роналдо немаат крај. На неговите 34 години со таква кариера и богатство друг да е, нема да мрдне од јахта цел одмор. Кристијано се одмораше, ама паметот пак му бега кај индивидуалните тренинзи без кои не може да живее. Му помагаше Франсис Обиквелу, специјалист за трка на 100 и 200 метри кој има освоено 15 медали и поставено европски рекорд на ЛОИ во Атина 2004.