1936 Берлин - Џеси Овенс (САД) 10,3
На Олимписките игри во Берлин пред Адолф Хитлер, црномурестиот Џеси Овенс освои четири златни медали и истрча 100 метри за 10,3 секунди.
1948 Лондон - Харисон Дилард (САД) 10,3
Дилард бил специјалист за трки со пречки, но изненадил и го повторил времето на Овенс.
1952 Хелсинки - Линди Ремиџино (САД) 10,79
Ремиџино победи во неизвесна трка во која шест натпреварувачи завршија во време од една десетинка.
1956 Мелбурн - Боби Мороу (САД) 10,62
Мороу освои три златни медали на оваа Олимпијада.
1960 Рим - Армин Хери (ГЕР) 10,2
Конечно е прекината доминацијата на Американците.
1964 Токио - Боб Хејс (САД) 10,0
Хејс ги загубил своите спринтерки и на трката на 100 метри морал да трча со позајмени патики, но сепак успеал да го израмни тогашниот светски рекорд со точно 10 секунди.
1968 Мексико Сити - Џим Хајнс (САД) 9,95
Хајнс истрча 9,95 и го израмни тогашниот рекорд, но и беше прв кој ја спушти границата на Олимписките игри под 10 секунди.
1972 Минхен - Валериј Борзов (СССР) 10,14
Мала победа во Студената војна. Победи Борзов пред Американецот Тејлор.
1976 Монтреал - Хесели Крафорд (ТРИ) 10,06
1980 Москва - Алан Велс (ГБР) 10,25
Најтесната трка на 100 метри. Велс и Силвио Леонардо од Куба истрчаа со време 10,25, но златниот медал му беше врачен на Британецот.
1984 Лос Анџелес - Карл Луис (САД) 9,99
Карл Луис повторно истрча по 10 секунди и го освои првиот од четирите златни медали.
1988 Сеул - Бен Џонсон (КАН) 9,79
Џонсон постави и нов светски рекорд, но по два дена тој беше дисквалификуван заради допинг. Златото му беше врачено на второпласираниот Карл Луис.
1992 Барселона - Линфорд Кристи (ГБР) 9,96
Линфорд Кристи со 32 години стана најстариот победник на трката на 100 метри.
1996 Атланта - Донован Бејли (КАН) 9,84
Драма во Атланта. Актуелниот шампион Кристи е дисквалификуван по два погрешни стартови по што златото го освои Бејли.
2000 Сиднеј - Морис Грин (САД) 9,87
Историјата можеше да се повтори, но по еден погрешен старт, Грин не направи и втора грешка и го освои златото со 9,87.
2004 Атина - Џастин Гетлин (САД) 9,85
Уште една возбудлива трка на која Гетлин на крајот за малку ќе го престигнеа Португалецот Обиквелу и неговиот сонародник Грин.
2008 Пекинг - Усеин Болт (ЈАМ) 9,69
Неверојатниот Болт го сруши светскиот рекорд и покрај тоа што почна да прославува уште на 30 метри до крајот.