Одговорот е ист како и во анегдотата за шахот и зрната пченка и се вика експоненцијален раст. Ако лист хартија превиткате на половина, ќе добиете двојно подебел лист хартија. А работите многу бргу ќе станат интересни:
На седум превиткувања добивате книга дебела 128 страни.
На 10 дебелината е колку онаа на вашата рака.
23 виткања - километар.
30 превиткувања и веќе сте во космосот, 100 километри далеку од овде.
42 виткања ве носат во Месечината, 51 до Сонцето.
81 превиткување на истиот лист и тој станува голем 127,786 илјади светлосни години, колку што е голема галаксијата Андромеда.
90-тото виткање го прави листот голем колку супер-кластерот Вирго во кој е и Андромеда и нашиот Млечен пат и уште околу 100 галаксии.
На 103-тото виткање веќе излегувате џенем.