Ша’Кари Ричардсон има само 21 година и веќе важи за една од најбрзите спринтерки на светот. Таа изминатава пролет истрчала 100 метри за 10,72 секунди и е на шесто место во историјата на женскиот спринт на 100 метри.
Сезонава побрзо од неа истрча само повеќекратната олимписка и светска златна шампионка Шели Ен Фрејзер Прајс (34) од Јамајка со астрономски 10,63 која стана втора на вечната листа најбрзи спринтерки зад легендарната Флоренс Грифит-Џојнер (10,49 во 1988-ма во Индијанаполис).
На Олимписките Игри 2020 летово Ша’Кари ќе се бореше сигурно за една од медалите. Таа на Олимписките квалификации на 19 јуни истрчала малку поскромно отколку пролетва (10,86) но триумфираше и се најде во финалната селекција која требаше да патува во Токио.
Но на 2 јули ситуацијата се искомплицирала. Дента кога победила на 100 метри била позитивна на допинг-тест: резултатот покажал присуство на канабис.
Ша’кари Ричардсон сама признала дека конзумирала марихуана неколку дена претходно во Орегон каде марихуаната е легализирана за рекреативна употреба така што според многу Американци атлетичарката Ричардсон не нарушила ништо. Таа неколку дена претходно дознала за смртта на биолошката мајка и изјавила дека посегнала за марихуана со цел да го смали стресот.
Но WADA (Светската анти-допинг агенција) смета поинаку. Поради тоа е суспендирана на 1 месец. Порано на времето за позитивиен тест на марихуана се добиваа и по 4 години дисквалификација со тоа што оваа организација од неодамна процени дека марихуаната не влијае на подобрување на тркачките способности.
„Сакам да преземам одговорност за своите постапки. Сфатив што направив и што ми следува. Не се правдам и не барам сочувство. Не ми судите зошто и јас сум човек како и сите, просто само што трчам побрзо.
Не знаев како да ги контролирам емоциите и како да се справам со проблемите. Барам прошка ако сум повредила некого. Ова се случува за последен пат. Имам 21 година, уште сум многу млада и пред мене има многу натпреварувања“, одговорно се понела Ша’Кари и ја признала својата грешка.
Суспензијата ја крена Америка на нозе. Се огласија многу спортисти и политичари. Трикратниот НБА шампион Двејн Вејд вели: “Повеќето од вас кои ги поставиле овие правила, пушат (марихуана), и можно е да се дури и инвеститори во ТХЦ компании, така што дајде престанете да играте играчки“.
Ша’Кари би можела кога ќе и истече суспензијата од 1 месец на време да се приклучи на олимписката штафета 4х100м во Токио, но веќе и американската агенција за борба со допинг USADA ја суспендирал така што таа не е во селекцијата која ќе патува за Јапонија.
Случајот стигна и до американскиот претседател Џо Бајден:
„Правила се правила, секому се познати. А дали треба да останат такви какви што се, тоа е веќе друго прашање, но ќе повторам, правила се правила“, рекол Бајден.
Според списокот на забранети супстанци, за марихуаната стои дека: - води или може да одведе кон подобрување на резултатите, претставува опасност за здравјето на спортистите и го нарушува духот на спортот.