Маестрална партија на Лука Дончиќ

Во најинтересниот натпревар на вечерта во НБА, ЛА Лејкерс го растурија Милвоки Бакс 119:95 во уште еден дуел кој го обележа Лука Дончиќ со врвен настап.

Дончиќ ги водеше Лејкерс до 10-ти триумф сезонава, уфрли неверојатни 41 поен со 9 скока, а Остин Ривс одново блескаше во тандем со Лука и додаде 25 поени со 8 асистенции. Огромна помош имаа и од ветеранот ДеАндре Ејтон кој на 20 поени придодаде 10 скока.

Ова беше втор натпревар и за Милвоки и за ЛА Лејкерс во само 48 часа, а „езерџиите“ и покрај тоа што беа без Леброн Џејмс, Руи Хачимура и Маркус Смарт, на крајот славеа заслужен триумф.

Кај Бакс најефикасен беше нивниот лидер Јанис Адетокумбо со 32 поени и 10 скока. Грин зад своето конто имаше 15 поени, а Гери Трент Џуниор 13 поени.

Милвоки пред своите навивачи имаше ужасен шут синоќа и погоди само 10 од дури 41 обид од игра (24%) и 4 обиди за три поени од 21.

 

16 ноември 2025 - 09:03