Арми Хамер и мрачната историја на неговото семејство се тема на специјално издание на Дискавери+, што ќе искористи „богатство од архиви и интервјуа со преживеаните и членовите на семејството“.
Со недели најавуваа страшна, невидена, неверојатна и шокантна трка во која на ајкулата не ѝ е гајле за медалите на Фелпс, но на крајот публиката разочарано констатираше дека гледале монтажа а не трка.
Новиот директор на Дискавери, Рич Рос, вети дека ќе престане да емитува псевдонаучна програма на канал кој во основа треба да биде образовен. Или барем со цела сила ќе се потруди.
Телевизијата прво комплетно се префрли од документарци на реални шоуа, па потоа почнаа да пушта реални шоуа со сомнителна автентичност (Амиш мафија), за годинава да претрпи цел бараж критики од научниците за тоа како програмата за време на Неделата на ајкулите е само измислици.
Неделата на ајкулите е воведена на Дискавери од крајно образовни побуди во времето кога Дискавери пушташе образовни содржини, а не "старо купуем" во дузина различни верзии.(Како е можно да има магацин што уште не го отвориле?) Денес неделата е исполнета со лажни документарци за праисториски џиновски ајкули и кампањи за престрашување на јавноста од големата бела ајкула.