"Не се работи за тоа дали сум фан на овие програми, туку мислам дека лажните документарци не одговараат на Дискавери каналот, и мислам дека тоа е нешто на кое му мина времето," изјавил Рос за време на посетата на Асоцијацијата на телевизиски критичари.
Во оваа категорија влегуваат криптозоолошки документарци, како Сирени: Пронајденото тело; Сирени: Новите докази; Мегалодон: Џиновска ајкула се уште живее; Мегалодон: Новите докази и една од најверојатните програми кои некогаш е пуштена на телевизија - Жив изеден (за човекот што требаше да биде проголтан од питон.)
"Не верувам дека во мое време ќе видите како змија проголтува жив човек - не можам доволно да ви го ветам ова, ама денес така се чувствувам," порачува новиот директор.
Рос беше именуван за претседател на Дискавери каналот кон крајот на октомври, ама дури месецов му почнува мандатот. Официјално задолженија му се надзор на креативна и бренд стратегија, развој, продукција, маркетинг и секојдневно функционирање на мрежата, и рапортирање на претседателот и ЦЕО-то на Дискавери комјуникејшнс, Дејвид Заслав.