Серијата ветува дека ќе влезе „во дисфункционалната династија чии машки ликови ги покажуваат последиците на излудувањето поради привилегија.“
Долгата историја на интриги веќе ја запиша Венити Фер, зборувајќи за насилното однесување на семејството. Во 1919, пра-прадедото на актерот бил осуден на затвор поради тоа што извршил абортус на сопругата на еден руски дипломат. Неговите потомци потоа се дружеле со Ленин и Сталин заради врските со нафта во регионот, а до ‘90-те, ги разоткриле дека перат пари, користат уметнички дела за да финансираат руска шпионажа, поткупуваат за влез во нафтениот бизнис и прават копии на Фаберже јајца. Тука не завршува - има и нелегални придонеси кон кампањата на Никсон и љубовници на таткото на Арми - Арманд Хамер.
Инаку, минатата година, Арми Хамер беше обвинет за сексуален напад од повеќе жени, меѓу другото и за „свирепо силување“ и „физички напад“ на поранешна девојка. Адвокатот на Хамер тврди дека се измислици во прашање. Се појавија и смс-пораки каде што актерот опишува екстремни фантазии, меѓу кои силување и канибализам.
Хамер се пријави на рехабилитација за лечење од „дрога, алкохол и проблеми со секс“, а го отфрли и агенцијата што го претставуваше.