Од бизнис перспектива генерално е разбирливо однесувањето на Дискавери, "лажни документарци, за лажна мафија е тип на програма која Американците денес сакаат да ја гледаат. Минатата година Дискавери имаше најдобри рејтинзи во изминатите 12 години."
Забелешката е што телевизијата се уште се продава себе си како медиум кој емитува и произведува само програма базирана на факти и вистински случувања (The World's #1 Nonfiction Media Company)
На страна автентичноста на Амиш Мафија, програмата на Дискавери се повеќе го намалува својот образовен фокус (повторно, не комплетно по сопствена желба). Минатата година меѓу најпопуларните шоуа на Дискавери се Fast N' Loud, за поправање автомобили, Street Outlaws, за нелегални улични трки во Оклахома, и The Devil's Ride, за моторџиски банди во Јужна Калифорнија.
Во целата преплавеност од реални шоуа во изминатата деценија (пр. Американ Чоперс почна во 2003-та.), лани Дискавери ја прекина соработката со БиБиСи, која ги произведуваше документарците за природата Planet Earth, Frozen Planet, и Life. Двете компании соработуваа уште од првиот ден кога беше пуштен Дискавери во 1985-та.
Што се однесува до Неделата на Ајкулите, тоа го имаме споменато и претходно.