Во Босна шампионките во пливање тренираат под најлон за покривање марули

Пет дена по сензационалниот триумф на 16 годишното девојче, се појавија фотографии од условите во кои се тренирало неодамна во БиХ. Човек да гледа и да не верува.

Лана Пудар од Мостар стана големо изненадување на Европското првенство во пливање во Рим, не толку затоа што освои златен медал на 16 години, туку затоа што е родена во град без олимписки базен, што е основен реквизит за пливање.

Во денови кога се пишува на големо за овој изненадувачки пливачки дострел, се појавија необични фотки на кој прво изгледаше дека се работи за Лана.

Но тоа е сепак е Иман Авдиќ, исто така успешна пливачка од БиХ, која за време на пандемијата била приморана да тренира кај дедо и на село.

На мал базен за разладување деца во нива под најлон, кој обично служи за покривање марули, лук, кромид...

Инаку на социјалните мрежи се уште се коментира успехот на Лана. 

„Детето кога нема базен ја покори Европа, а нејзините сограѓани мораа да и го следат настапот на странски канали. Хероината ја слуша химната без текст и плаче, а стоката не се ни избори нејзината химна да има текст и ветува брда. Тие кои ги украдоа парите за базен во кој би тренирала Лана Пудар, сега ќе се истрчаат први да ја дочекаат и да се сликаат со нејзе“, стои во еден од коментарите.

И додека нејзините ривалки тренираат во оптимални услови од петгодишна возраст со врвни тренери, нутриционисти, психолози... Лана со помош на родителите и блискиот круг на луѓе успеа да отпатува во Рим и дојде до европското злато во дисциплината 200 метри делфин.

На 13 и пол години веќе стигнала до осум златни медали во домашното првенство.

Пречекот на Лана во Мостар

Повеќе за неа тука.

22 август 2022 - 12:01