Нема поголем проблем за пливач од тоа да му го затвориш базенот, а тоа за жал кај нас се случи уште во март кога бувна ова чудово.
Пливачите останаа и без тренинзи и без натпреварувања, а тоа значи пад на формата и кондицијата, а истовремено скок во килажа.
Но Ева Барамчевска најде начин како да и пркоси на вонредната ситуација, па се до отворањето на базените, 100 дена пливала во двор во место и тоа не престанала и на дожд, ветер, па дури и кога паѓало снег.
„Ова е искрено претешко, бидејќи си во неприродна средина и поради ластикот се соочуваш со напор, кој двојно го зголемува отпорот, вели нејзиниот тренер Александар Маленко.
Каква царица.
Ева Барамчева е пливачка од Скопје која по затворањето на базените поради ковид-19, продолжи да плива во својот двор. Со помош на својот тренер, Ева најде начин да се прилагоди на ситуацијата и да остане во форма
— META.mk (@meta_agency) July 2, 2020
Фотосторија: https://t.co/85vm3yVYU9#COVID19MK #CtrlZChallenge pic.twitter.com/JVIeoPrU4r