Без да знаеш дека Томас е маж, тешко е да разбереш зошто неговата победа е толку контроверзна и има толку наслови поврзани со тоа во светот. Невозможно е да се разбере бесот на шампионката Река Гјорги, која не се пласираше во финале за слободно, благодарение на вклучувањето на Томас. Маж спречи женски натпреварувачи, меѓу кои и добитничка на олимписки медал, да ги добијат титулите што им припаѓаат. Неговото присуство го направи натпреварот фундаментално неправеден.
Сепак, зборовите што се користат за да се опише победата на Томас прават да биде потешко да се пофати реалноста на она што се случи минатата недела во Меколи центарот во Атланта, Џорџија.
Секаде, и онлајн и во печат, за Томас се зборува во женски род. Ни кажуваат дека таа стоела на подиумот да го прими нејзиниот медал. Критичарите беа означени како мизогини. Томас е трансродова жена за Гардијан, а за Бибиси е „прва трансродова спортистка со ваква титула“.
Употребата на ваквиот јазик не е само збунувачка - намерно лажно наведува. „Таа“ и „неа“ се заменки што се користат за жени. Изјави како „пливаше за пенсилванскиот машки тим“ се нелогични. А сепак, повеќето од тие што упатуваа критики, и кон Томас и кон организацијата што дозволила да се натпреварува, користеа „таа“ и „неа“. Во најдобар случај, меѓу трапавите етикети имаше „со машко тело“ и критики дека дозволиле да се натпреварува меѓу „натпреварувачи со женско тело“, или „биолошки жени“. Ова налага дека е потребно разјаснување, дека веќе не е доволно да се каже маж и жена. Дека има две различни, но еквивалентни категории на женскост - транс жени и биолошки жени.
Со ваквото ново инсистирање на овие заменки, на жените им се отежнува да ги бранат своите права. Откако ќе ни навлезе во јазикот дека идентитетот е поважен од биологијата, тешко ќе биде да се инсистира на простори само за еден пол. Кога користиме „таа“ и „неа“ за да зборуваме за мажи, кажуваме нешто што е лингвистички бессмислено и научно неточно. Се лажеме и себеси и другите. Овој акт на измама може делува љубезно, но многу отежнува да се предизвика трансродовата идеологија во пракса - а со тоа и ерозијата на женските простори и женските спортови и третманот на деца кои се збунети околу нивниот родов идентитет продолжува.
Погрешно е да се опишува Лиа Томас како жена. На тој начин станува потешко да се повика неправдата што ја гледаме кога добива признание за прво место. Станува потешко да се расправа машкото вклучување во женските спортови. Лиа Томас е маж. Ако се преправаме дека е поинаку, дури и само од пристојност, станува потешко да се каже дека овој маж не треба да се натпреварува покрај жени.