
Начинот на кој се напишани клучните празнични зборови на една новогодишна шолја за кафе, разликите во фонтови, чудни делови од предмети, чудни делови од тело на дедомразовци и ирваси - сè ова го обезвреднува подарокот и покажува невнимание. Дури и да сте го платиле скапо, тој што ви го продал го има прибрано од чудни сајтови за продажба каде што врие од вештачка интелигенција и го има набавено за ич пари.