Таг: трансродови лица

Мат Волш разговараше со трансџендер обоената лезбејка Рајан Веб

Веб е советникот од Делавер кој пред некое време објави дека се чувствува како небела жена лезбејка. Волш седна да разговара со Веб за неговата храбра трансформација, смелоста да излезе во јавност и како воопшто му дошле сите тие чувства.

Смирноф побрза да се испере од транс-активисти

Како што една транс жена од Тексас почна по социјални мрежи да промовира платено партнерство со Смирноф, така компанијата зад познатата вотка инстантно негираше каков било договор или соработка со активистката.

Норвежанка е на суд затоа што тврди дека мажите не можат да станат лезбејки

Норвешката актерка и режисерка Тонје Гјевјон, е под истрага и ѝ се закануваат три години затвор, откако нејзиниот статус околу можноста маж да стане лезбејка беше протолкуван како сериозен говор на омраза.

Ако некој треба да е крив, нека е крив психијатарот

Џеј Лангадинос е роден како жена но се идентификува како маж, па во 2010 на 19 години посетува психијатар кој треба да утврди дали таа е прикладна да почне терапија со примање машки хормони за да го смени својот пол. Џеј успешно станува маж, и денес го тужи својот психијатар за тоа.

Транс-маж открива дека жените имале и привилегии

Вирално сведоштво на Тамблр го освестува светот дека иако го водат мажи, жените сепак си создале сопствен свет кој успеале да го направат попривилегиран од машкиот.

„Луѓе со капацитет за бременост“

Ако најдеш начин да се убедиш себе дека логиката е излишна и не ти пречи да измислуваш, речиси и да нема дебата што не можеш да ја добиеш, со кого било. Многу работа врши и ако можеш од ништо да креираш дека си нападнат.

Тестостеронот нема обѕир за фер-плеј

Неколку доктори за Њујорк тајмс потврдуваат дека трансродовата пливачка Лиа Томас има нефер предност пред остатокот од женските пливачки, без разлика дали била на терапија за потиснување на тестостерон или не.

Зошто да не смееме да ја кажеме вистината за Лиа Томас?

Лиа Томас, пливачката што победи на американскиот колеџ-шампионат минатата недела е машко. И затоа што е машко - со тело што е повисоко, пошироко и посилно од женските натпреварувачи - победи на тој натпревар. Кога пливаше покрај други мажи, стигаше до невпечатливото 554-то место.

Ни КГБ не е тоа што беше

Поранешниот мајор на руската тајна служба ФСБ со 12-годишен стаж, Александр Чумаков, во декември 2021 дава отказ на позицијата затоа што повеќе не сака да биде Александр туку сака да биде Катерина.

Ни името не смее да ѝ се знае

Или, како што е изразот во нејзините книги, Онаа-што-не-смее-да-се-споменува. За „освестените“, Волдеморт е жив, ама ќе го решат тие.

Транс-активистите никако да си ја сокријат мизогинијата

Минатиот викенд, демонстранти од движењето #BeKind на протест во поддршка на британското претставништво на Амнести Интернешенл се облекоа во знамиња и носеа транспаренти со слогани како „Пуши ми го курот, трансфобична пичко“.

Трансродовите права удрија на женските права

Група феминистки и академици ја предупредуваат шкотската влада дека нивното „месечарење“ кон пообемни права за трансродовите лица води кон „значителна ерозија на женските права“.