Транс-маж открива дека жените имале и привилегии

Вирално сведоштво на Тамблр го освестува светот дека иако го водат мажи, жените сепак си создале сопствен свет кој успеале да го направат попривилегиран од машкиот.

*Транс-маж е жена која одлучува да живее како маж. 

Значи човекот (порано жена, сега маж), излегува во светот како маж и изгледа како маж. Одеднаш сфаќа дека она разбирање и пријателство што жените инстинктивно го негуваат меѓу себе не е карактеристика и на машкото искуство - луѓето се повнимателни околу него, полесно им е да претпостават дека може да е предатор. И заклучува дека се работи за еден вид - осаменост.

„Да растев вака,“ вели, „многу ќе се заебев психички. 4:30 наутро е, а јас ја оплакувам загубата на една привилегија што не ни знаев дека ја имам. Сега ми е јасно дека повеќето цис-мажи искусуваат хронична, емоционална неухранетост.“

Им се случува доволно за да им недостасува, но не доволно за да се свестат што е тоа. Како да се прегладнети, а не сфаќаат.

Сега се соочува и со студен и воздржан однос од жените, и е запрепастен, иако претходно тоа не го доживеал (бидејќи бил жена) и иако точно знае што им се врти во глава кога им се обраќа.

Тој оклоп што жените го носат пред мажи му е познат, бидејќи го носел и вели дека со задоволство би го отфрлиле кога за возврат би добиле машко друштво без ризик од било каков напад.

„Да не го знаев ова, ќе мислев дека светот се уротил против мене, а дури и сега, покрај овој заклучок, се мачам да се уверам дека не е до мене.“

Една од причините за сето ова е што општеството ги учи машките деца дека емоции и нежност едни со други е проблем.

Стварно уникатен увид на нештата:

15 јули 2022 - 00:01