Бет Мидлер се соочи со тешки критики за твит што го објави, алудирајќи на тоа дека зборот „жена“ се брише.
Кога ќе ја прочиташ веста, нели, „Бет Мидлер соочена со критики!“, помислуваш дека се работи за бесен, трансфобичен твит, или тврдоглаво инстистирање на право на изразување што може да се толкува како трансфобија, како што прави Џордан Питерсон.
Но, твитот на Бет Мидлер гласи вака:
ЖЕНИ ОД СВЕТОТ! Ни ги одземаат правата на нашите тела, животи, дури и на името. Не нè нарекуваат „жени“ повеќе; нè нарекуваат „луѓе што раѓаат“, или „менструатори“, дури и „луѓе со вагини!“ Не им дозволувајте да ве избришат! Секој човек на планетава ви должи!
Мидлер реагира на повиците да се користи терминологија како „бремени луѓе“ за јазикот околу плодноста, бременоста и абортусот да биде поинклузивен за трансродовите мажи и членови на небинарната заедница што можат да забременат и да родат.
И сега и фанови и нефанови се, во најмала рака - разочарани.
Меѓу многуте твитови, еден, од Рашелин Малтиз вели,
„Ова е разочарување. Жените се луѓе. Важно е во моменталната битка за право на абортус и телесна автономија јасно да се зборува за сексизмот со кој се соочуваат, да се потсетат сите дека жените се луѓе и да се подржат нашите транс сиблингс…
(Значи, нашите транс браќа и сестри, но неодредено. И до овде твитот е во ред, но!)
…Од кои многумина можат да забременат, но не се жени.
Уште еден твит има:
Јас не сум жена. Добивам менструација. На ин витро третмани сум и се обидувам да имам бебе и ќе бидам трудна личност. Мислев дека си сојузник на квир-луѓето, но веројатно квир како мене не ти се важат.
Уште еден, или зошто Џ. К. Роулинг се бунтува веќе со години:
Затоа што не менструираат само жени, не раѓаат само жени, немаат само жените вагини. И транс-мажите поминуваат низ ова, како и небинарните. Многу те сакам Бет, мораш да бидеш попаметна.
Инаку, Бет Мидлер важеше за еден од најгласните критичари на Доналд Трамп. Тогаш беше океј.