веб класици

Како иде?

Стилска вежба на исто поставено прашање. Анкетната мостра - репрезентативна.

Сократ: А ти што мислиш?

Епикур: Лезет.

Зенон: Само ни се чини дека иде.

Сизиф: Се бутка.

Стоиците: Се издржува.

Тантал: Мачно.

Едип: Море с'ибало мајката.

Хамлет: Да иде, или да не иде?

Буда: Ниту иде. Ниту не иде.

Хегел: Идеално.

Кјеркегор: Ќути...

Кант: Ова идење е најдоброто од сите можни.

Ниче: Ич ништо не иде.

Декарт: Иде, значи постои.

Хокинг: Чекор по чекор.

Планк: Константно лошо.

Маркиз де Сад: Ко подмачкано.

Пруст: Какво губење време..

Нострадамус: Не е на арно.

Ајнштајн: Релативно добро.

Фројд: Куров мој иде.

Фаерабенд: Сè иде.

Жижек: Кому бе ти како иде? Зошо бе да не иде?

Раскољников: Не се секирај.

Мартин Лутер Кинг: Јас имам сон дека иде.

Берлускони: Нит сум идел, нит знам кој идел.

Тито: Другарице и другови - иде!

...

...

Бог: А што тоа?

12 декември 2014 - 13:58