ЦИА, Ал Каеда, Македонија

Главен „јунак“ на оваа приказна е Блерим Скоро, косовар кој пред доста години паѓа во американски затвор поради трговија со дрога, oколност која ЦИА ја користи за да го врбува. После излегувањето од затворот во која станува главна фаца, му викаат „Сега ќе одиш во Македонија и таму ќе создадеш ќелија на Ал Каеда“. Блерим ја извршува мисијата сè додека агенцијата, после едно крваво пукање во Македонија, не го остава на цедило.

Приказната стигна до Такер Карлсон преку Рајан Шон, кому оперативецот на ЦИА неодамна му гостуваше во емисија.

Во следното видео парче зборуваат за тоа како ЦИА ги користи подкастите за да го управува посакуваниот наратив во јавноста. Имаш слобода со саати да зборуваш што сакаш на подкаст, ама и обврска во сиот тој муабет да вбризгаш една работа која агенцијата ја бара од тебе. Толку е доволно. Зошто? Државата си знае зошто.

Делот кој го најавивме е на 3:35

Целиот (4 часа) разговор со „косовскиот Џејсон Борн“.

Епилог?

Блерим се инфилтрира во високите кругови на мрежите на Ал Каеда на Балканот, Блискиот Исток и Пакистан, обезбедувајќи критични разузнавачки информации. 

Неговата мисија бива прекината во 2010 година, после пукањето во Радуша (Википедија) по што ЦИА дига раце и и ги прекинува врските со него а тогашниот американски амбасадор, Филип Рикер, ја поздрави акцијата на македонската полиција.

21 мај 2025 - 13:49