Доктор Мајкл Џојнер од клиниката Мејо, објаснува дека иако „во спортот има општествени аспекти, сепак физиологијата и биологијата се главни.“
За доктор Рос Такер, кој работи како спортски физиолог, пливачката Лиа Томас, родена како Вилијам Томас кој од 5-годишна возраст вежба пливање, е „манифестација на научен доказ. Намалувањето на тестостерон не ја отстранило нејзината биолошка предност.“
Денес 23 годишната Лиа почнува да транзиционира на 19 години, и откако се префрлува во женска конкуренција таа редовно ги уништува сите свои конкурентки и постоечки рекорди. Во претходните 15-на години како машки пливач Томас речиси е целосен анонимус.
Со статусот и успесите на Лиа не се задоволни ни нејзините колешки од пливачкиот тим на Универзитетот Принстон кои константно анонимно бараат нејзино исклучување од женска конкуренција, меѓутоа се плашат ова јавно да го побараат за да не се осудени или нападнати од ЛГБТ активистите.
Пред некое време своето мислење околу Лиа го кажа и легендарната тенисерка Мартина Навратилова, која изјави „Имам играно против повисоки жени, имам играно против посилни жени, и ги победив сите нив. Меѓутоа ако бев соочена со машки еквивалент на Лиа во тенисот, тоа е биологија. Јас не би имала шанса и би била прегневна околу тоа.“