Гјевјон е пријавена од активистка Кристине Јентофт, трансродова жена која се доживува како мајка лезбејка, на која ова не и е прв пат да кодоши жени за трансофобија заради ширење говор на омраза на Фејсбук.
Во спорниот пост, за кој Гјевјон може да ја стигнат три години затвор, стои:
„Маж не може да стане лезбејка, исто како што маж не може да забремени. Мажите се мажи без оглед на нивните сексуални фетиши“
Таа вели дека намерно го објавила статусот, со цел да го насочи вниманието кон законите за говор на омраза во Норвешка, посебно еден амандман од 2020-та што ги става „родовите идентитети и родовата определба“ во категории заштитени од говор на омраза.
Осудениците за вакви прекршоци добиваат парична казна, една година кога станува збор за приватна навреда, или три години затвор кога - како овде - навредата е изречена јавно.
Гјевјон, која инаку е лезбејка, лани ја праша норвешката министерка за култура, Анета Третебергстен, дали планира да ги заштити правата на лезбејките со тоа што ќе назначи дека нема лезбејки со пениси и дека мажи не можат да бидат лезбејки без разлика на нивниот родов идентитет. Министерката и одговори дека не мисли дека постојат само два рода и дека идентитетските политики се важни.
Норвешка се смета за една од најлибералните држави за LGBTQ лицата во Европа, која дозволува на луѓе да си го сменат полот, без притоа да бидат обврзани да приложат медицинска документација.