30-годишниот Александр, кој сега официјално се води како Катерина Мајерс, веќе почнал да зема хормонска терапија по што за две години ќе оди на операција за промена на полот, плус операција за промена на гласот. Освен ова, Мајерс во 2020 се развел од сопругата со која има и 5-годишен син. Денес Мајерс не контактира ниту со сопругата, ниту со синот.
Во интервју за руски „Знак“, Мајерс објаснува дека всушност и се допаѓала работата во ФСБ, ама според сегашните правила не можела да остане таму.
Поранешниот разузнавач по отказот во ФСБ работи како шминкерка во Москва, а намерата и е да биде пример за „други луѓе како неа и да се избори за транс-родовите луѓе да можат да служат во војската и безбедносните агенции без да се кријат кои се.“
Мајерс веднаш по завршување средно образование, по инсистирање на мајка му, влегува во руските полициски сили, и за овие 12 години работа успева да стигне до позицијата мајор во ФСБ, официјалниот наследник на советскиот КГБ. Иако цело детство повеќе сака да си игра со кукли, Мајерс на почетокот од кариерата бил распореден во Кавказ, каде се надевал „дека ќе ги извади глупостите од глава, и ќе стане маж“.
Таа не открива што точно и како била вклучена во контра-разузнавачката работа во Северна Осетија, заради тајната природа на нејзината дејност и дека тоа би можело да биде казниво со закон.