Познато е дека Јапонија има рапидно растечка старосна популација, а во официјалните досиеја во 2014-та се заведени 59.000 стогодишници. Aма па колку од нив бре градат спортски кариери?
Фудбалер на 35 години знае често да каже, доста е, уморен сум, а Миако во 2015-та стана првиот човек на планетава кој на 100 или повеќе години успеа да исплива трка на 1.500 метри.
Можеби и треба помош додека да влезе во базен, ама во вода е неприкосновена.
Рекордот на 1.500 метри во нејзина категорија го оствари во дисциплината слободен стил на два пати, еднаш во базен долг 25 метри и еднаш на 50 метри. Последниот подвиг го заврши за време од 1 час и 15 минути користејќи грбно пливање.
„Фит сум како виолина“, изјави Нагаока во едно ланско интервју откако исплива трка на 400 метри во слободен стил за 26 минути и 16 секунди на натпревар во предградието во Токио.
Која е нејзината тајна? Ништо од тоа ако помисливте на некои тревки или чаеви.
„Тајната е да се јаде добро и да се остане активна. Не е добро да се седи на моја возраст“, вели Миеко.
Пливањето почнала да го користи на 82 години како еден вид терапија за коленото и потоа почнала да плива активно по четири пати неделно и да учествува на натпревари низ цел свет.
За 20 години кариера стигна до 24 титули на крати и на долги растојанија и е доминантна во нејзината возрасна група.
„Таа сè уште го користи мозокот и се обидува да дознае како да плива на најдобар можен начин, а исто така сè уште се обидува да ја смени пливачката форма за да стигне до нов рекорд. Горд сум на нејзе“, вели нејзиниот син Хироки.
Следната цел на Миеко Нагаока е да ги дочека и да плива на Олимписките игри во Токио 2020.