Во Рио нема комарци, луѓето се фини и храната е пристојна

Не е се така црно во Рио како што се пишува. Американскиот пливач Коди Милер ги сподели своите досегашни искуства и ги пофали домаќините за кои вели дека работат напорно од јутра до сутра.

Би сакал да расчистиме неколку работи во однос на Олимпијадата во Рио. Имајте на ум дека ова е од моја гледна точка. Јас сум само 1 од 500 спортисти кои се дојдени тука од САД.

1. Комарци

Има многу малку. Во Бразил е зима. Откако дојдов видов само еден комарец. Менаџерот на сајтот за САД за сите спортови кој беше тука пред 3 недели видел вкупно 10, а бил на места во Бразил во радиус од 800 километри. Има стотици спрејови насекаде за прскање.

2. Храна

Храната е пристојна. Има разни видови на храна од цел свет. Подобра е од стандардната американска храна. Според моите сознанија, никој до сега не добил труење со храна или бил болен. Тимот на САД, како и од други земји, постојано ги тестираат квалитетот и температурата на храната. Постојат луѓе кои буквално јадат од храната пред спортистите за да се осигура нивната безбедност.

3. Домот на спортистите

Како што се гледа од мојата слика погоре, престојуваме во големи згради. Тимот на САД има сопствена зграда за сите спортисти, како и персоналот. Собите не се нешто фенси. Кревети со големина како за двајца, стандардни клима уреди и сл. Двајца спортисти спијат во една соба.

4. Локалци

Еден од членовите на делегацијата на САД кој ги информираше сите спортски екипи по пристигнувањето во Бразил рече вака: Бразил е прекрасен град со прекрасни луѓе кои се неверојатно енергични и возбудени што сме таму. Од моето искуство тоа е 100% точно. Секој што го сретнав до сега беше ептен пријателски настроен и во селото и на околу.

Бразилците работат неверојатно тешко за да го направат олимпиското искуство одлично. Персоналот за јадење во салата работи од 5 наутро до 22:30. Повеќето од нив патуваат 2 часа до работа со автобус секој ден во еден правец. Тука се да работат за да успеат.

5. Натпреварување

Натпреварите стартуваат во сабота на 6 август. Тоа е првиот пливачки ден. 

4 август 2016 - 11:14