Филип Деркоски оствари личен рекорд на 400 метри слободно, но сепак заврши на последната позиција во конкуренција на 36 пливачи.
Македонскиот пливач ја преплива патеката со време од 4:03:34 минути или за 76 стотинки побрзо од времето со кое се пријави на Олимпијадата во Токио.
Тој се појави во првата квалификациска група на натпреварувачи составена од четири пливачи, а покрај него уште еден пливач исплива со над 4 минути, а тоа беше Џејмс Фриман од Боцвана.
Останатите беа подалеку побрзи од 20 годишниот македонски претставник.
Денеска се натпреваруваше и Борјан Бранковски кој во дисциплината воздушен пиштол од 10 метри го освои 21. место од 36 натпреварувачи.