Ја знаете ли инспиративната приказна за Ерик Јагулата?

Прекарот му го дадоа медиумите откако неговото име за прв пат излезе во Тајмс на Олимписките игри во Сиднеј. Ерик исплива двојно побавно од тогашниот светски рекорд на 100 метри слободно, но тоа беше рекорд за неговата земја, каде што учел пливање од рибари.

Ерик Мусамбани ги освои срцата на љубителите на спортот на Олимписките игри во Сиднеј 2000. 22-годишниот пливач пливаше сам на 100 метри слободен стил откако другите двајца натпреварувачи беа дисквалификувани бидејќи погрешно стартуваа.
 
Ерик тргна сам и заврши со време од 1:52 или 1 минута и 5 секунди побавно од светскиот рекорд во тоа време. Неговиот беграунд ја направи неговата приказна епска.

Доаѓа од Екваторијална Гвинеја, мала африканска земја со жители колку пола Македонија, и никогаш не пливал во базен поголем од 13 метри.
„Почнав да пливам кога завршив со училиште. Таму немавме базен, немавме ништо и одев да тренирам во приватен хотел каде мислам дека базенот беше долг околу 13 метри. Сам тренирав и немав никакво пливачко искуство. Базенот беше отворен за пливање од 5 до 6 часот сабајле и можев да тренирам само три часа неделно. Пливав исто така и во езера и реки. Рибарите ме учеа како да ги користам нозете и како да пливам. Немаше ништо професионално во тоа“.

Неговото пливање стана инстант хит, а неговата приказна им ги стопли срцата на сите кои го гледаа на телевизија.
„Наеднаш почнав да се гледам на тв и мојата трка одеше на многу станици во светот, како СиЕнЕн и други. Давав и многу интервјуа и животот целосно ми се промени“.

Што прави сега Ерик Мусамбани 16 години потоа? Тренер е на националниот пливачки тим на Еквиторијална Гвинеја од 2012 година, а благодарение на него во неговата земја има два базени по 50 метри на кои тренираат пливачите.
 
„Јагулата“ се обидуваше да има барем еден натпреварувач од Еквиторијална Гвинеја во Рио, но не успеа во тоа, исто како што тој не успеа да обезбеди учество на игрите во Атина 2004.
 
Неговата приказна е разкажана во едно видео

13 август 2016 - 10:48