Прво место за Блажевска во квалификациската група во Токио

По сензацијата на Дејан Георгиевски во теквондо, настапите на македонските претставници на Летните Олимписки игри продолжуваат со пливање. На сцена стапи најмладата олимпијка во историјата на Македонија.

Миа Блажевска Еминова оствари најдобар резултат во својата квалификациска група во конкуренцина на осум пливачки.

Во дисциплината 100 метри слободно таа заврши прва со време од 57:19 и не успеа да го сруши македонскиот олимписки рекорд од 57:13, со кој оствари Б норма пред нешто повеќе од месец дена.

Овој нејзин резултат не е доволен да се најде меѓу 16-те најдобри кои обезбедија пласман во полуфиналето.

15 годишната македонска претставничка заврши на 40. место од вкупно 52 пријавени пливачки на 100 метри слободно.

Инаку државниот рекорд го држи Анастасија Богдановски, а тој изнесува 56:50.

28 јули 2021 - 12:28