Најголемиот херој од Охридското езеро

Се вика Марко, има 12 години и кога ќе чуете што ќе прави следниот вторник ќе ви биде глупо ако сте од тие кои се бањаат само во плитко и играат одбојка во вода.

Марко Пејчиноски од Охрид не е јунак, туку јуначиште кое на 28 август ќе се соочи со најголемиот подвиг во животот. Дестинацијата која е мачна за возење со кајче и Томос 4 тој одлучи да ја мине во вода. Ќе се обиде да го преплива Охридско езеро.
 
Неговата храброст е за 100 пати поголемо воодушевување и чудење ако се знае дека кога пред две години правел операција на тестисите добил инфаркт на колкот.
 
 
12 годишниот Марко редовно учествува на Охридскиот пливачки маратон на трката од 2,5 километри, но сега се спрема да плива од Св. Наум до Охрид.
 
Од следниве бројки ќе ве заболи глава само што ќе ги прочитате, а не па да го пратите на кајче:
 
Должина 30 километри, потребно време околу 9 часа.
 
 
Неговата самодоверба гласи вака:
„После операцијата не смеам многу да трчам, но тоа не ме спречува во намерата да го препливам езерото. Некои мислат дека ќе испливам, некои велат дека е тешко и нема да успеам, а јас 100% сум сигурен дека ќе го препливам Охридското Езеро“.
Како да не биде човек во вторник со Марко.
 
24 август 2018 - 11:38