Храбриот Марко кој на само 12 години направи невидена сензација откако во 2018-та го преплива Охридското езеро, не е застанат со авантури. На 28 август, на празникот Голема Богородица ќе настапи со триатлон од 107 километри, кој се состои од: трчање (Св.Наум - Струга), возење велосипед (Струга - Св.Наум), и на крај пливање (Св.Наум - Охрид). Да му посакаме среќа.