Херојот Марко: Не очекував дека ќе биде толку лесно

Охридското езеро било немирно, дувал силен северен ветер и имало бранови, а јунакот од Охрид дава изјава како овој подвиг да му е за добро утро. Браво е преблаг збор за детево.

На само 12 години со направена операција на тестиси по која добил инфаркт на колкот, Марко Пејчиноски е сензација во маратонското пливање.
 
Рече дека 100% ќе го преплива Охридското езеро и тоа му успеа и тоа во тешки услови во кои на некој не му ни до бањање, а не па до пливање цел ден.
 
Неговиот херојски подвиг го следеше порталот Оhridnews кој му ги пренесе првите зборови откако пристигна на пристаништето во Охрид. За чудење не е само тоа што успеа, туку и тоа што го кажа.
 
Не очекував дека ќе биде толку лесно. Сега, откако пристигнав на целта чуствувам замор, а во водата на Охридското Езеро ми беше супер“.
Марко тргна од Св.Наум вчера наутро во 9:30 и пристигна на целта во 18:15, што значи езерото го препливал за 8 часа и 45 минути. Еден од првите кои му честитаа беше легендарниот пливач Дики Бојаџи.
„Ова дете ни одржа спортска лекција на сите и ни покажа како треба да се користи езерото. Наназад педесет години никој охриѓанец не го препливал Охридското езеро, затоа треба да се слави името на Марко. Честитки до детето и фамилијата која сигурно му била најголема поддршка“, рече Бојаџи.
 
Во тимот кој го пратеше Марко покрај колегите од OhridNews беа и Црвениот крст од Охрид, како и лекарска екипа.
На почетокот видов решителност во неговите очи и повеќе верував во него, отколку во мене. Морам да признам дека Марко езерото го преплива во исто темпо од почетокот до крајот. Имаше околу 60 завеслаи во минута, без ниту една криза или лекарска интервенција“, изјави Др. Горан Балевски.
 
28 август 2018-та нема да го паметиме како некој важен датум за македонскиот спорт, туку по Марко Пејчиноски и неговата решителност да исплива 30 километри на бранови и со претходни здравствени проблеми.
 
На бранови, без криза и прв Охриѓанец кој го преплива Охридското езеро после 50 години.
 
ЕДИТ:

29 август 2018 - 11:47