Марко Пејчиновски во август 2018-та беше сензација број 1 откако на само 12 години успеа да го преплива Охридското езеро.
Тоа го направи на јуначки начин и тоа на бранови поради кои не можел да јаде за да добие енергија и плус со направена операција на тестиси по која добил инфаркт на колкот.
Веста одекна во регионалните медиуми кои го нарекоа супер херој, а лани се истакна со уште два маратонски ремек дела.
По повод празникот Св.Наум, делницата долга 30 км ја пливаше во обратен правец, овој пат од Охрид до Св.Наум и тоа со време од 8 часа и 45 минути или за час и половина побрзо од првиот пат.
Тоа се случи на 5 јули 2021, а на крајот на септември стана прв Охриѓанец кој пливаше на релација Охрид - Струга - Охрид. Тоа го стори за 9 часа и 6 минути, а го посвети на децата со ретки болести.
Но Марко не застанува тука и сака нови предизвици со кои посакува да ги подигне стандардите. Целта му е да докаже дека Македонија е расадник на таленти во разни спортови, како и да ги поттикне и другите спортисти.
Големите подвизи за ова лето гласат вака:
10 препливувања во 10 викенди во должина од 250 километри.
Три веќе ги заврши од 12 до 26 јуни. Какво храбро мангупиште од дете.
12 јуни
Релација: Радожда-Охрид
Должина: 14 километри
Време: 5 часа и 25 минути
18 јуни
Релација: Радожда - Градиште
Должина: 18 километри
Време: 6 часа и 40 минути
26 јуни
Релација: Радожда - Трпејца
Должина: 20 километри
Време: 6 часа и 4 минути
После првата трка пред четири години, посака два хамбургери.