Кинеската Лиу Јукун која ги загубила двете нозе на 18 годишна возраст се надева дека ќе заработи доволно пари од златниот олимписки медал кој го освои пред 21 година заедно со уште неколку сувенири за да си ја плати операцијата на грбот која чини 32.000 долари.
Таа е револтирата од тешкиот тренинг процес кој морала да го помине за да се натпреварува на Параолимпијадата во Барселона од кој има повреди на грбот кои ќе мора да ги надмине со операција.
„Во минатото здравјето ќе го дадев за да освојам медали, а сега треба да ги продавам за доброто на моето здравје", вели Лиу.
Таа е шампионска во фрлање диск од Параолимписките игри пред 21 година.