Се вика Михаил Асташов и е човек кој треба да претставува мотивација за секој кој мисли дека има работи има нешто не може да го направи во животот.
Овој руски параолимпиец минатата година го освои Светскиот Куп во паратриатлон, а оваа година еден ваков првак нема кој да го финансира за следниот предизвик кој му престои, а тоа е Параолимписките игри.
Во ноември минатата година Асташов му се обратил на Антон Шипулин, кој е спортист и пратеник дека му се потребни 350.000 рубли (5.600 долари) за да присуствува на квалификациите за Параолимпијадата.
Не му помогнале ниту спортските службеници во регионот Свердловск каде што живее, па затоа Михаил одлучил сам да се фати за работа за да заработи.
Почнал како доставувач на храна за рускиот гигант „Јандекс“, а првиот работен ден му почнал во неделата.
„Многу е мотивиран за работа. Ја одбработи првата смена и ги заврши своите први испораки“, изјави претставник на компанијата.
И покрај недостатокот на екстремитети, Михаил лесно ги надминува пречките и може да се справи со опремата потребна за извршување на работата.
„Јандекс“ исто така дава можност за вработување на лица со посебни потреби и во други руски градови каде има дуќани.
Јунакот во едно интервју изјави дека не се смета себеси за лице со инвалидитет. Параолимписките игри ќе се одржат во Токио од 25 август до 6 септември годинава.