
Македонската стрелачка имаше најдобар резултат во квалификациите остварувајќи нов светски рекорд со погодени 381 круг.
Во финалето таа на овој резултат додаде уште 94,7 круга и со 475,7 круга го освои златниот медал и постави нов рекорд на Параолимписките игри.
На втората позиција заврши Русинката Клименченко, а бронзениот медал го освои Јаванмардидодмани од Иран.
Ова е втор златен медал за Македонија на Параолимписки игр откако во 1992 година во Барселона, Бранимир Јовановски освои злато во истата дисциплина.