Меѓу параплегичарите кои се борат за врвни резултати на Параолимписките игри доста раширен е тнр boosting метод со кој тие ја зголемуваат силата на горниот дел од телото.
За таа цел намерно го повредуваат долниот, парализиран дел на телото во кој не чувствуваат болка што им го зголемува крвниот притисок, доводот на кислород во крвта и им ги подобрува вкупните перформанси. За таа цел најчесто пикаат катетери или пак си ги бодат тестисите со игли.
Експертите проценуваат дека околу 30 проценти од парализираните параолимпијци ги користат овие методи кои Меѓународниот Параолимписки Комитет ги забрани во 2004-та година.
Студии на оваа тема покажале дека методите на самоповредување ги подобруваат резултатите на овие спортисти за околу 10 проценти.