Параолимпиец без раце освои сребро во стреличарство
На Параолимписките игри во Лондон секој натпреварувач има своја приказна, но онаа на Мет Стацман е помеѓу најневообичаените. 29-годишниот параолимпиец успеа да освои сребрен медал во стреличарство и покрај тоа што нема раце.
Мет е роден без раце и од својата најмала возраст тој се научил да ги врши секојдневните работи со помош на нозете.
Тој за прв пат почнал да користи лак и стрела пред само две години за да може да оди на лов.
За да се натпреварува, тој го држи лакот со едната нога, а со другата ја мести стрелата.
А потоа ја оптегнува со помош на рамото и ја испушта со устата.
По две години секојдневно тренирање, тој го освои сребрениот медал на Параолимпијадата во Лондон и покрај тоа што другите натпреварувачи имаа голема предност.