Можеби е до „Игри на гладта", „Авенџерс" или цртаниот „Брејв". Или е некаков Робин Худ ефект. Но без оглед на причината, стреличарството преку ноќ од маргинален стана популарен спорт, кој за време на Олимпијадата ја надмина гледаноста дури и во однос на кошарката, со во просек 1,5 милиони гледачи.