Едвард Фридкин е професор по дигитална физика но парадоксот кој го дефинира заради што и го добива неговото име е од психолошка природа.
Се работи за дилемите и како ние се справуваме со нив. Кога една од опциите е очигледно подобра од другата или се издвојува од повеќето други, тогаш ни треба малку време да пресечеме.
Но, кога треба да се решиме меѓу блиски решенија, тогаш можеме да влеземе во агонија на нерешителност.
И тука е парадоксот. Колку повеќе решенијата кои ги вагаме имаат сличен квалитет, толку повеќе нашата одлука е небитна. Бидејќи и двете решенија ќе имаат приближно ист импакт врз нашите животи.
Со други зборови, што и да одбереме, на исто (или слично) сме.
Со трети зборови, колку една дилема подолго нè мачи, толку таа не е вредна за времето изгубено на неа.