Милан има нов тренер
15 јуни 2026
- Конечно стигна веста.
- Рубен Аморим (41) е нов тренер на повеќекратниот европски, светски, италијански шампион Милан. Роосонерите потпишале договор со доскорешниот тренер на Манчестер Јунајтед и Спортинг до 2028-ма година. Двете страни неделава треба да ги финализираат сите аспекти но договорот е веќе потпишан и Аморим ќе почне да гради нова екипа летово.
- Откако селекторот на Австрија, легендарниот Ралф Рагник изјави дека раководството на Милан немало слух за неговите барања и не му одговарало на прашањата, тренерот крена раце, потпиша нов договор со австриската фудбалска федерација.
- Милан тогаш се сврти кон Рубен Аморим од кого се очекува да го врати шампионскиот сјај на „Сан Сиро“.