Оливера Наковска Бикова успеа да се пласира во финалето на Паралимпијадата во Токио во дисциплината воздушен пиштол од 10 метри.
Единствената македонска претставничка заврши на шестото место со резултат 147,9.
Златниот медал го освои Јаванмарди од Иран, сребрениот и припадна на Сарех Пехливанлар од Турција, а брозната отиде во рацете Унгарката Давид.
За нашата стрелачка ова беше прв настап. На 2 и 4 септември ќе се натпреварува уште во две дисциплини на 25 и 50 метри пиштол.
Инаку Наковска Бикова отпатува со исполнета олимписка норма која ја обезбеди на Светското првенство во Чеонгју (Јужна Кореја).
Ова е вкупно петто нејзино учество на Паралимписките игри. Во Лондон 2012 го освои златниот медал во дисциплината пиштол од 10 метри.
Истиот успех во истата дисциплина го оствари и Бранимир Јовановски во Барселона 1992 кој е во улога на нејзин тренер и селектор на параолимписката репрезентација на Македонија.
На Параолимписките игри во Токио ќе се одржат 539 спортски настапи во 22 спорта на кои ќе учествуваат 4.537 спортисти.
Најмногу спортски настани ќе има во атлетика (167) и во пливање (146), а нови спортови се бадминтон и теквондо.