Среќа во несреќа на драг-рејс трка

Антрон Браун кој е еден од најдобрите возачи на автомобили во категоријата „Драг Рејс" преживеа чудо. Во моментот кога достигна брзина од неверојатни 480 км на час, не само што куртули од најлошото, туку лекарските прегледи покажале дека тој не е ниту повреден.

„Драг Рејс" е трка која се одвива помеѓу два автомобили по рамна патека кои за кратко време достигнуваат брзина од над 400 км/час. Измерено е дека Браун до моментот на експозијата развил врзина од 480 км/час, но и покрај грозната слика тој остана жив и здрав.

19 февруари 2013 - 13:42